Во близина на Собранието

Група лекари од ковид-болниците во Белград се приклучуваат на протестот

На платото пред белградската црква „Свети Марко“ група лекари и здравствени работници што работат во ковид-болниците во Белград се собраа за да го искажат незадоволството од моменталната здравствена состојба, а потоа, како што рекоа за Н1, ќе се приклучат на протестот пред Собранието. Велат дека во овој момент стојат зад својот народ. Тие велат дека системот за здравствена заштита е пред пукање по рабови, а дека државата не го предвидела тоа, и дека лекарите, заедно со граѓаните, се жртвувани.

„Премногу е доцна за барања и епидемиолошки интервенции, бидејќи потезите на државата во изминатиов месец неизбежно мораа да доведат до катастрофална епидемиолошка ситуација и како последица на тоа - целосен колапс на здравството“, рекоа насобраните.

Додаваат дека не се сигурни дека граѓаните се целосно свесни за моменталната состојба, која е полоша отколку што се претставува. Со својот собир тие сакаат да ги мотивираат останатите здравствени работници да излезат и да ги посочат проблемите со кои се соочуваат.

Насобраните здравствени работници не сакале да бидат снимани ниту фотографирани.

Вечерва граѓани се собраа во центарот на Белград, Нови Сад, Ниш и други српски градови, каде што протестираат седејќи на асфалтот за да се дистанцираат од, како што тврдат, провокаторите што ги предизвикале немирите синоќа. Протестни прошетки се одржаа и во Врање и Крушевац.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе