Громови во Индија убија 147 луѓе во последните десет дена, се предвидува уште полошо време

Поради удари на гром во северната индиска држава Бихар во последните десет дена загинаа 147 лица, соопштија вчера локалните власти, предупредувајќи на уште поекстремни временски услови до кои доаѓа поради климатските промени.

Од крајот на март во државата од громови загинале околу 215 луѓе, воглавно земјоделци, работници на село и сточари, пишува АФП.

„Метеоролози и научници ме известија дека порастот на температурата како резултат на климатските промени е главна причина за зголемениот број громови“, рече бихарскиот министер, Лакшмешвар Раи, додавајќи дека само во саботата 25 луѓе починале од удар на гром.

Индискиот метеоролошки завод предупреди на уште повеќе громови во наредните 48 часа.

Ударите на гром за време на монсуните што траат од јуни до септември се вообичаени во Индија. Но, официјалните претставници рекоа дека бројот на загинати во Бихар годинава веќе го надмина вкупниот просечен број на смртни случаи од громови, иако сезоната на монсуните штотуку започна.

Минатата година за време на монсунскиот период во удари на гром загинале 170 луѓе. Во соседната држава Утар Прадеш од април од громови загинале нешто повеќе од 200 луѓе.

Повеќе од 2.300 луѓе загинале од удар на гром во Индија во 2018 година.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе