Гринпис: Само дожд може да помогне во гаснењето на шумските пожари во Русија

Огромни шумски пожари во источна Русија, кои зафаќаат 680.000 хектари, нема да можат брзо да се изгаснат, предупредуваат руските еколози и проценуваат дека само дождови ќе можат да помогнат.

EPA-EFE/RUSSIAN EMERGENCIES MINISTRY

„Големи делови на Јакутија горат сега. Таму само дожд може да помогне“, рече Григориј Куксин, шеф на рускиот огранок на Гринпис за шумски пожари, пренесе Интерфакс.

Ситуацијата тешко дека ќе се подобри пред средината на август во особено погодениот регион Јакутија (официјално Република Саха) каде горат најлошите пожари во најголемата земја во светот.

Пожарникарите објавија дека во моментов се активни 205 шумски пожари.

Според податоците на Воздушната служба за заштита на шумите, областа каде што се активни пожарите во вторникот опфаќала околу 680.000 хектари.

Околу 2.100 пожарникари се борат со пожарите во обид да спречат да се прошират во локалните населби, рече Куксин.

Гринпис верува дека ситуацијата во Русија сега е полоша отколку што признаваат властите. Сателитски снимки покажуваат пожари кои сега зафатиле три милиони хектари во Русија.

Воздушната служба за заштита на шумите наведува податок од два милиони хектари.

Гринпис наведува дека жителите на бројни населби и места во Русија се борат со густ чад и имаат тегоби. Во Јакутија, концентрацијата на опасни честички во воздухот е над дозволените граници, вели Куксин.

Многу шумски пожари се предизвикани од небрежност, предупреди тој, споменувајќи пожари кои излегуваат од контрола и се предизвикани од фрлени отпушоци од цигари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/RUSSIAN EMERGENCIES MINISTRY

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе