Гринпис активисти запалија огномет во француската нуклеарна централа

Осум екологисти провалија во француската нуклеарна централа и поставија огномет за да повикаат на подобра заштита на нуклеарниот отпад и да протестираат против зависноста на Франција од атомската енергија.

Претставниците од електраната тврдат дека упадот од страна на Гринпис не влијаел на безбедноста во фабриката во Катеном во источна Франција. Компанијата соопшти дека активистите биле уапсени осум минути по влегувањето во локалитетот и се заканиле со преземање законски мерки.

Портпаролот на Гринпис, Јаник Руселе, рече дека акцијата ги открива безбедносните ризици, бидејќи активистите достигнале до околу 100 метри до отворени базени со нуклеарен отпад. Гринпис лобира Франција да создаде специјални бункери над своите базени за отпад.

Владата на претседателот Емануел Макрон вети дека ќе ја прошири обновливата енергија и ќе ја намали зависноста од застарените нуклеарни централи, моментнално изворот на најголемиот дел од електричната енергија во Франција.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе