Светски економски форум

Грета Тунберг во Давос: Практично ништо не е сторено за климата

Младата активистка Грета Тунберг денес пред економската и политичката елита во Давос изјави дека „ништо не е сторено во практиката за климата“, дури и по неколкумесечната масовна мобилизација на младите луѓе низ целиот свет.

„Климата и животната средина денес се жешка тема, но ништо не е сторено во практиката“, рече Грета Тунберг на тркалезната маса на Светскиот економски форум.

Таа изјави дека емисијата на јаглерод диоксид не се намалила и предупреди дека проблемот нема да се реши доколку не го третираме како вистинска криза.

На првиот ден на Форумот се очекува да се обрати американскиот претседател Доналд Трамп.

Не е познато дали ќе се отвори можност за средба на шведската еколошка активистка и американскиот претседател, кои имаат спротивставени ставови за климата.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе