Грета Тунберг незадоволна од самитот за климата: Не сакам да бидам единствениот глас на младите (ВИДЕО)

Климатската активистка Грета Тунберг по глобалниот самит за климатските промени во Шпанија изгледаше многу сериозно.

16-годишната шведска еколошка активистка, додека излегуваше од мадридскиот универзитет Комплутенсе, изгледаше многу сериозно.

На средбата таа сака дека сака да има споредна улога на следните два настани на кои ќе присуствува, а кои ќе се одржат во втората недела на самитот.

„Не сакам да бидам единствениот гласа на младите на самитот“, изјави Тунберг.

Конференцијата за клумата на ОН КОП 25 се одржува во Мадрид од 2 до 13 декември.

Младата активистика кажа дека глобалниот бран школски протести за климата во текот на оваа година не постигнал никакви резултати бидејќи емисиите на гасови со ефект на стаклена градина и понатаму растат.

Во својот говор таа истакна дека учениците протестираа низ целиот свет, а владите „не спроведоа никакви мерки“.

Планетата сега е потопла за околу еден Целзиусов степен во однос на прединдустриската доба. Меѓутоа, ако температурата продолжи да расте со сегашното темпо, поради емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, прагот од 1,5 степени, зацртан со Парискиот договор, би бил постигнат меѓу 2030 и 2052 година, тврдат експертите за климата на ОН.

Секој половина Целзиусов степен повеќе го зголемува интензитетот и/или зачестеноста на метеоролошките катастрофу како топлотни бранови, ураганите, сушите, поплавите, а и ако биде испочитувана минималната цел на Парискиот договор – глобален раст на температурите за најмногу 2 Целзиусови степенни, циклоните, ураганите и тајфуните ќе станат посилни и циклоните ќе пустошат во категории 4 и 5.

Според извештајот на Обединетите нации, емисиите на јаглерод диоксид просечно растеле за 1,5 отсто годишно во последните десет години и нема никакви навестувања за успорување.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе