„Нашите цареви се голи“

Грета Тунберг: Климатскиот самит во Глазгов е неуспех (ВИДЕО)

Грета Тунберг пред огромниот број демонстранти рече дека климатскиот самит КОП26 е „неуспех“.

Фото: ЕПА

Климатската активистка Грета Тунберг рече дека досегашниот самит на ОН за климата КОП26 во Глазгов бил неуспешен и ги обвини лидерите дека постојано наоѓаат дупки во правилата, оправдувајќи ги емисиите на штетни гасови во своите земји.

Говорејќи на протестот во главниот град на Шкотска, Тунберг повика на „итни и драстични“ правила за борба против загадувачите наместо, како што ги нарече, „далечни, необврзувачки ветувања“.

„Светските лидери очигледно се плашат од вистината, но колку и да се трудат, не можат да ја избегнат“, рече таа.

Тунберг рече: „Не е тајна дека КОП26 е неуспех. Треба да биде очигледно дека не можеме да ја решиме кризата со истите методи што и нè воведоа во неа“.

Таа рече: „Потребни ни се итни драстични годишни намалувања на емисиите, за разлика од она што светот досега го виде.“

„Луѓето на власт можат да продолжат да живеат во својот балон исполнет со нивните фантазии, како вечен раст на една ограничена планета и технолошки решенија што наеднаш ќе се појават навидум од никаде и едноставно ќе ги избришат сите овие кризи.“

„Сето ова додека светот буквално гори, запален, и додека луѓето што живеат на првите борбени линии сè уште го носат товарот од климатската криза.“

Таа го опиша самитот на ОН за климатски промени како „двонеделна прослава на вообичаениот бизнис и бла, бла, бла“ за „да се одржи вообичаениот бизнис“ и „да се создадат дупки за да имаат корист тие самите“.

Тунберг додаде: „Знаеме дека нашите цареви се голи“.

Активисти од неколку други земји, исто така, одржаа говори за тоа како климатските промени веќе влијаат на нивните татковини.

Маршот беше организиран од движењето „Петоци за иднината Шкотска“, група финансирана од млади луѓе инспирирани од Тунберг.

Ова беа едни од најголемите демонстрации што се одржаа во текот на самитот, кој се одржува во Глазгов.

Целта на КОП26 е да обезбеди доволен број земји да се обврзат на намалени емисии за да го ограничат порастот на просечните глобални температури на 1,5 Целзиусов степен.

Научниците велат дека има сѐ помалку шанси да се постигне таа цел.

Светот веќе се загреа за повеќе од 1,1 степен, а сегашните проекции врз основа на планираните намалувања на емисиите во следната деценија покажуваат дека глобалното затоплување до 2100 година ќе достигне 2,7 Целзиусови степени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе