Грета Тунберг ги исмеа зборовите на светските лидери: „Бла, бла, бла“ (ВИДЕО)

Познатата климатска активистка од Шведска, Грета Тунберг, ја искористи приликата за време на својот говор на конференцијата „Младината за климата“ во Милано да ги исмее изјавите на некои од светските лидери, вклучувајќи го британскиот премиер Борис Џонсон.

EPA-EFE

18-годишната девојка користеше снимки на кои се слуша како Џонсон ги изговара своите омилени фрази како „ќе поправиме подобро“ (фраза која се однесува на опоравувањето на општеството по пандемијата на коронавирусот), или „скапо гушкање зајчиња“ (фраза со која се критикуваат активистите за заштита на средината, климатските промени и правата на животните) за да покаже како изгледаат „празните зборови и ветувања“ на политичарите, пренесува Би-би-си.

„Тука не станува за некое скапо, политички коректно гушкање зајчиња, бла бла бла“, кажа Грета.

„Ќе поправиме подобро, бла бла бла. Зелена економија, бла бла бла. Нула емисии до 2050, бла бла бла. Тое е сè што слушаме од нашите таканаречени лидери. Зборови. Зборови кои звучат одлично, но досега не довеле до никаква акција’, кажа Тунберг.

„Нашите надежи и соништа се дават во нивните празни зборови и ветувања. Нормално дека ни е потребен конструктивен дијалог, но веќе 30 години слушаме „бла бла бла“ и каде нè доведе тоа?“, додаде таа.

„Но, нормално, сè уште можеме сето тоа да го свртиме. Ќе бидат потребни драстични години кастрења на емисиите какви што светот не видел. Имајќи предвид дека сè уште ги немаме технолошките решенија кои можат да нè доведат до тоа, тоа значи дека самите мора да се смениме. Не можеме повеќе да им дозволиме на оние кои имаат моќ да одлучуваат што е политички можно, а што не е. Не можеме повеќе да им дозволуваме да одлучуваат што е надеж. Надежта не е пасивна. Надежта не е „бла, бла, бла“. Надеж е кога ја кажувате вистината. Надеж е преземање конкретни дела. Надежта секогаш доаѓа од луѓето“, порача Грета.

По говорот ги повика луѓето да не губат надеж, кажувајќи дека промената „не е само можна, туку е неопходна“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе