Грета Тунберг до американскиот Конгрес: Не е време за соништа. Разбудете се (ВИДЕО)

Шведската тинејџерка Грета Тунберг, која го почна глобалното движење за климата, им испрати силна порака на американските пратеници и им порача „да се разбудат“.

Привршувајќи ја својата шестдневна посета на Вашингтон, 16-годишната Тунберг ги собра демократските пратеници и активисти и ги повика да ги следат научните предупредувања и да протуркаат силни мерки во борбата против климатските промени.

„Не е ни време ни место за соништа. Време е за будење“, кажа Тунберг.

Тунберг мина ден во Конгресот, а на патот кон американскиот врховен суд им се придружи на млади американски активисти кои привлекуваа внимание пред утрешниот климатски протест.

„Не сакам да ме слушате мене, туку научниците“, порача тинејџерката.

Тунберг, која го почна движењето „Петок за иднината“ со кое се бараат владини акции во борбата против климатските промени, го изложи извештајот на Меѓувладиниот панел за климатските промени од 2018 и повика на брзи и невидени промени во начинот на животот на луѓето за да се спречи пораст на температурата од 1,5 Целзиусови степени до 2030 година.

„Луѓето не се свесни колку е кризата сериозна“, кажа Тунберг. Ги повика пратениците да се „обединат зад науката“ и порача дека луѓето треба климатската криза да ја третираат како „егзистенцијална криза“.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе