Грета Тунберг: Давос ги игнорираше сите климатски барања (ВИДЕО)

Климатските барања се целосно игнорирани, заклучи младата Швеѓанка Грета Тунберг по Светскиот економски форум во Давос за време на кој беше мета на напади од страна на американската администрација.

„Имавме неколку барања кога пристигнавме. Очигледно се целосно игнорирани. Но тоа и го очекувавме“, кажа за новинарите 17-годишната Тунберг која бара моментален прекин на финансирањето на фосилните горива.

Тунберг, која по втор пат е поканета на годишниот собир на политичката и економската елита, ја заврши неделата организирајќи штрај за климата под скијачките патеки во швајцарскиот центар.

Протестите кои ги почна во Шведска секој петок во меѓувреме ги мобилизираа младите низ целиот свет.

На Светскиот економски форум кој траеше од вторникот до вчера, доминираше загриженост поради климатските промени.

Генералнио секретар на ОН Антониот Гутереш предупреди, на пример, дека човештвото е „изгубено“ ако не вложи поголеми напори во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид.

Учесниците на собирот најавија некои мерки за заштита на климата, но тие не одат ни приближно толку далеку колку што бараат климатските активисти.

„Не штрајкуваме за да се сменат говорите“, коментираше истакнатата германска активистка Луиза Нојбауер, „туку за конкретно дејствување“.

Организаторите на Форумот почнаа кампања за садење или спасување милијарди стебла, што би ја зголемило апсорпцијата на јаглерод диоксидот, но не би го решило проблемот со прекумерните емисии.

Американската делегација, предводена од претседателот Доналд Трамп, испрати, меѓутоа, сосема поинакви пораки доведувајќи ги во прашање предупредувањата за климатската криза и напаѓајќи ја младата Швеѓанка.

Самиот Трамп во вторникот ги критикуваше „злокобните пророци и најавите за климатска апокалипса“.

Воопшто неимпресионирана, Тунберг на тоа ги повтори своите жестоки предупредувања, порачувајќи дека е „време за паника бидејќи куќата гори“, како што порача и минатата година во Давос.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе