Грета се врати пред зградата на парламентот, протестира поради климатските промени

По долг период на онлајн протести, шведската климатска активистка Грета Тунберг се врати денес пред зградата на шведскиот парламент на уште еден протест против климатските промени.

Фото: ЕПА

Заедно со неколку други демонстранти Тунберг со натпис „Училиштен штрајк за клима“ и со маска на лицето со лого „Петок за иднината“, се врати на местото каде што го започна штрајкот во Стокхолм, за што ги извести своите следбеници на Инстаграм.

„Денес се вративме пред парламентот и со оглед на тоа што пандемијата сè уште не е завршена, ќе гледаме да бидиме што е можно помалку и сè да е во согласност со епидемиолошките мерки“, напиша Тунберг на својот профил на Твитер.

Тунберг започна да организира протести во 2018 година пред зградата на шведскиот парламент, повикувајќи ги политичарите да ја засилат борбата против климатските промени.

За неколку месеци основано е климатско младинско движење Петок за иднината, а на масовните демонстрации кои ги организирале присуствувале стотици илјади млади учесници низ целиот свет.

Сепак, пандемијата на коронавирусот привремено ги запре и нивните протести.

Не можејќи да продолжи со „физичките“ протести, Тунберг се сврте кон објавување слики на социјалните мрежи, особено на Инстаграм.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе