Специјалниот претставник на Белата куќа

Гренел: Владите на Србија и Косово се обврзаа на сопирање на кампањите, средба во Вашингтон на 27 јуни

Специјалниот претставник на претседателот на САД за преговорите на Белград и Приштина Ричард Гренел изјави денес дека владите на Србија и Косово се обврзале дека привремено ќе ги прекинат кампањите за повлекување на признавањата, односно за членство во меѓународните организации, за средба на претставниците на двете страни во Вашингтон.

EPA-EFE

Состанокот за дијалогот на Србија и Косово ќе биде одржан на 27 јуни во Белата куќа, напиша Гренел на Твитер.

„Одлични вести! Добив потврда од владите на Косово и Србија дека се обврзауваат провремено да ги сопрат кампањите за повлекување на признавањето (Србија) и лобирањето за членство (Косово) во мешународните организации за да се сретнат во Вашингтон, во Белата куќа, на 27 јуни, поради разговор за дијалогот“, напиша Гренел.

Тој наведе дека двете страни, „ако која било биде незадоволно од разговорот на 27 јуни, ќе го врати статус квото откако ќе го напуштат Вашингон“.

„Како што постојано зборуваме, прво мораме да направиме напредок околу прашањето на растот на економиите. Тоа е фокусот. Се радувам на овие разговори“, додаде Гренел.

Претседателот на Косово Хашим Тачи напиша потоа на Твитер дека лидерството и поддршката на САД секогаш биле одлучувачки за просперитетната иднина на Косово.

„Поради тоа го поздравувам повикот за продолжување на дијалогот за нормализација на односите под лидерството на претседателот на САД Доналд Трамп и Ричард Гренел“, наведе Тачи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе