Висока делегација на САД на Косово

Гренел: Посетата на Приштина е доказ на посветеноста на остварувањето на договорот

Специјалниот претставник на претседателот на САД за дијалогот на Србија и Косово Ричард Гренел изјави вечерва во Приштина дека посетата на високата делагација на неговата земја на Косово е доказ за посветеноста на остварувањето на договорот од Вашингтон.

EPA-EFE

„Дојдовме да ја докажеме посветеноста на договорот за економска нормализација. Знаеме дека во минатото многу му се ветуваше на Косово и сакаме да се заложиме примената на договорот да продолжи“, кажа тој по состанокот со премиерот на Косово Авдулах Хоти.

Истакна дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не сака празни зборови.

„Сакаме да му покажеме на народот на Косово, кој е наш сојузник, дека сме со вас. Сакаме да помогнеме во отворањето работни места за да ги надминеме старите политички прашања“, кажа Гренел.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти оцени дека посетата на американската делегација на Косово ја открива „одлучноста и сериозноста на Трамп и сите негови соработници за остварување на договорот“.

Хоти кажа дека на состанокот опширно било разговарано за сите точки на договорот.

„Чест ми е да кажеме дека брзо ќе тргнеме во спроведување на овој договор. Создаден е нов елан“, кажа Хоти.

Извршниот директор на Американската корпорација за финансирање на меѓународниот развој Адам Белер кажа дека со оваа посета ја покажуваат својата сериозност кон потенцијалните инвестиции и дека им пружаат поддршка на пријателите на Косово.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе