Специјалниот претставник на Трамп

Гренел: Од Приштина барам веднаш да ги укине царините, а од Белград да ја сопре кампањата за повлекување на признавањата (ВИДЕО)

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп Ричард Гренел изјави дека Приштина мора да ги укине царините на српската стока, а Белград да ја сопре кампањата за повлекување на признавањата на Косово.

Гренел денес во Приштина се сретна со мандатарот за составување нова косовска влада Аљбин Курти, а утре треба да пристигне во Белград, каде ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„Важно е да се продолжи понатаму во економскиот развој, царините зголемени за 100 отсто мора да бидат отстранети. Тоа е единственото нешто што мора да биде отстрането, а во исто време мора да сопре кампањата за повлекување на признавањата што ја води Србија“, кажа Гренел.

Гренел повтори дека не го интересираат внатрешните проблеми на Косово и дека, како што кажа, се обидува да ги игнорира политичките судири околу формирањето на новата влада, истакнувајќи дека не сака да учествува во нив.

Тој кажа и дека Трамповата администрација била многу успешна во досегашниот раст на косовската економија, како и во пружањето помош на претпријатијата.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе