Нов бран емигранти од Турција

Грците се гневни: Ги сакаме нашите животи назад, островите се како затвори (ВИДЕО)

Жителите на грчките острови Лезбос, Самос и Хиос организираа протести поради начинот на кој владата се однесува кон емигрантите кои на тие острови пристигнуваат од Турција.

Протестите се организираат бидејќи бројот на емигранти постојано расте, а условите во камповите за нив се сѐ полоши, пренесува Би-би-си.

Учесниците на протестот носеа транспаренти на кои пишуваше „Ги сакаме нашите острови и нашите животи назад“, но и „Без затвори за човечките души во северниот Егеј“.

Поради протестите, на островите беа затворени продавници, аптеки и бензински пумпи, како и некои клиники и адвокатски канцеларии, а најавено е дека на штрајкот ќе му се придружат и таксистите и возачите на автобуси.

Одделни учесници на протестите кажаа дека на островите е како во затвор, бидејќи на емигрантите не им е дозволено да ги напуштаат островите ниту смеат слободно да се движат по нив.

Во моментов во кампот Морија на Лезбос престојуваат 19.000 баратели на азил, додека на Самос кампот за емигранти се наоѓа на плантажа на маслинки на рид одалечен неколку минути од центарот на градот.

Емигрантите живеат во шатори, а жителите на Самос велат дека во моментов на островот има повеќе емигранти од локални жители. „Тие се поинакви, тие ја менуваат нашата култура“, кажа еден од жителите на Самос и додаде дека пред напливот на емигранти островот бил полн со туристи.

Грчкиот министер за цивилна заштита кажа дека во моментов на Самос живеат 7.200 емигранти во кампови чиј капацитет е 700 луѓе.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе