Грците фатиле двајца свештеници кои држеле миса и покрај забраната

Грција воведе забрана за верски обреди за време на пандемијата на коронацвирусот. Во Грција одредени свештеници ја прекршиле забраната, и локалните власти веднаш почнаа кривична постапка против тие лица.

Грчката влада веднаш побара од своето обвинителство да се почна постапки против двајца свештеници кои служеле миси и покрај забраната. Станува збор за свештеник и Атина и свештеник од островот Крф.

Грчки Катимерини јавува дека свештеникот од Атина бил снимен од соседна зграда како тајно причестува луѓе.

„Тоа што денес се случи во црквите во Атина и Крф е кршење на законот кое ги доведе во опасност животите на граѓаните и јавното здравје. Контактирав со министерот за правосудство и побарав да се почнат постапки против одредени лица“, потврди Никос Хардалијас, заменик министер за цивилна заштита во Грција, пренесува Екатимерини.

Грчката влада во борбата против коронавирусот ги забрани сите поголеми собори, вклучувајќи ги и црковните обреди. Црквите останаа отворени само за поединечни молитви, а високи претставници на Грчката православна црква ги повикаа луѓето да останат дома.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе