Вонредни парламентарни избори

Грците денеска гласаат (ВИДЕО)

Грците денеска гласаат за избор на нов парламент, при што анкетите предвидуваат дека централнодесничарската опозиција води пред левичарската влада.

Партијата Неа демократиа на Киријакос Мицотакис се надева дека ќе го прекине четиригодишното владеење на партијата Сириза на премиерот Алексис Ципрас.

Ципрас свика предвремени избори веднаш откако претрпе пораз на европските избори во мај.

Избирачките места беа отворени во 7 часот по локално време.

Анкетите на јавното мислење пред изборите покажуваа дека Неа демократиа цврсто води со 8-10 проценти пред Сириза и дека има можност да си обезбеди целосно мнозинство.

Проекциите, заедно со фактот дека изборите првпат се одржуваат среде лето, кога голем број Грци или се на одмор или се на привремена туристичка работа далеку од дома, го доведоа во прашање одѕивот.

И Ципрас и Мицотакис ги повикаа своите поддржувачи да не претпоставуваат дека денешниот резултат веќе е одреден и да излезат и да гласаат.

Ова се шести избори во Грција откако почна глобалната финансиска криза во 2008 година.

Кризата предизвика последователни финансиски пакети за спас, при што грчката економија се влоши за 28% помеѓу 2008 и 2016 година, а зголемувањето на невработеноста фрли многу Грци во сиромаштија.

Секоја од многуте грчки партии мора да освои најмалку 3 отсто гласови за да влезе во парламентот, а седум партии би можеле да освојат пратенички места.

На партијата што ќе победи ѝ се потребни 151 место во парламентот со 300 пратеници за да добие мнозинство.

На изборите за Европскиот парламент Нова демократија освои 33,11 отсто од гласовите, додека 23,78 отсто гласа за Сириза.

Најголемиот процент гласачи на возраст од 18-24 години (30,5 отсто) на тие избори ја поддржаа Нова демократија.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе