Грција загрижена поради зголемувањето на бројот на заразени на Балканот

Грчките власти изразија загриженост поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот на Балканот, истакнувајќи го ризикот од „увезени случаи“ поради туристите што пристигнуваат преку копнените граници на земјата.

Фото: ЕПА

Иако во Грција и понатаму има мал број новозаразени лица, со помалку од 50 случаи на ден, фактот што туристите сочинуваат повеќе од 50 проценти од заразените е причина за загриженост.

„Од 31.169 теста извршени на сите влезови во земјата помеѓу 1 и 6 јули, само 100 случаи беа позитивни, или 0,3 проценти“, рече владиниот портпарол Стелос Пецас на прес-конференција.

Зголемувањето на бројот на случаите е „под контрола“, но „најголемите проблеми доаѓаат од копнените граници со Балканот, каде што има ненадејна тенденција да се зголеми ризикот од увезени случаи“, предупреди тој.

Портпаролот посочи дека главниот ризик сега е во малите места во Грција, каде што мерките за физичко растојание и носење маска не се почитуваат доволно.

Затоа, грчките власти изразија подготвеност за повторно воведување рестриктивни мерки следната недела.

Пецас рече дека властите се „решени да го заштитат мнозинството од несериозните малкумина“, додавајќи дека владата веројатно ќе објави нови ограничувања в понеделник, доколку е потребно.

Најмалку седум српски туристи се тестирани позитивно на коронавирусот од понеделникот, и тие се сместени во карантин.

Грчките власти во градот Едипсос на островот Евија во моментов тестираат 80 српски туристи сместени во еден хотел каде што една двојка имала позитивен тест на коронавирусот, јавуваат медиумите.

Од отворањето на границата за некои земји кон средината на јуни, туристите што доаѓаат Грција ги тестира врз основа на алгоритам што опфаќа низа податоци за епидемиолошкиот ризик и нивни формулари на влез, со лични податоци.

По појавата на жаришта во Србија, грчките власти го засилија тестирањето на граничниот премин Промахонас со Бугарија, главната влезна точка за голем број туристи од Балканот, а во понеделникот го затворија за српските граѓани до 15 јули.

„Со загриженост го чекаме развојот на епидемиолошката крива до крајот на јули“, рече Николаос Сипсас, професор по заразни болести на Медицинскиот факултет во Атина, на јавната телевизија.

Со 193 смртни случаи на помалку од 3.700 заразени со коронавирусот од крајот на февруари, Грција и понатаму е една од европските земји најмалку погодени од пандемијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе