Грција врие: илјадници на улиците, факели, солзавец и камења (ФОТО+ВИДЕО)

Грчката полиција употреби синоќа солзавец за да ги разбрка демонстрантите што се собраа пред грчкиот парламент.

EPA-EFE

Демонстрантите се собраа за да го изразат незадоволството од нацрт-законот со кој се ограничуваат јавните демонстрации.

На плоштадот Синтагма можеа да се видат облаци од чад, а како што пренесува Ројтерс, врз полицијата биле фрлени три гасни бомби.

Полицијата одговори со фрлање солзавец.

Освен во Атина протести беа одржани во 40 други грчки градови и во нив учествуваа околу 10.000 луѓе, пренесува Асошиејтед прес.

Една помала група млади лица предизвикала инцидент поради што други демонстранти, пред сѐ оние со деца, се повлекле од протестите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе