Грција воведува задолжителна вакцинација за лица над 60 години, ќе ги казнува оние кои ќе одбијат

Грција денеска објави дека воведува задолжителна вакцинација против коронавирус за лицата постари од 60 години, што е драстичен чекор во борбата на земјата со сè поголемиот број заразени лица.

EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Властите најавија дека ќе наплаќаат казна од 100 евра за секое лице на возраст од 60 и повеќе години кое нема да се вакцинира, и така секој месец. Мерката ќе почне да се применува од 16 јануари. Околу 63 отсто од околу 11 милиони жители се целосно вакцинирани, а закажувањето термини за вакцинација е забрзано во изминативе недели.

„Ги насочуваме нашите напори да ги заштитиме нашите сограѓани и затоа нивната вакцинација отсега ќе биде задолжителна“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на владина седница.

„Грците над 60 години кои не се вакцинирани мора да закажат термин за првата доза до 16 јануари или ќе се соочат со парична казна од 100 евра секој месец“, додаде Мицотакис.

Грција се бори со пораст на заразените овој месец, при што дневниот број на нови случаи достигнува рекорди. Земјата од почетокот на пандемијата потврдила 931.183 случаи на инфекција и 18.067 мртви.

Во Грција, на невакцинираните лица од ноември им е забранет влез во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и теретани. Не им се признава негативен тест за коронавирус.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе