Грција воведува нови мерки на границите

Портпаролот на грчката влада Стелиот Пецас соопшти дека на граѓаните кои имаат грчко државјанство, како и оние кои имаат дозвола за престој во Грција во периодот од 22 јули до 4 август ќе им биде овозможен влез и излез од земјата само на шест копнени премини.

EPA-EFE

Како што е наведено, поради зголемениот број на транзити на копнените граници, но и поради зголемениот број позитивни случаи на заразени со коронавирусот кои се утврдуваат на граничните премини, грчката влада, со одлука на премиерот Киријакос Мицотакис, ги заострува мерките на копнените граници од 22 јули до 4 август, кои се однесуваат на Грците и на граѓаните кои имаат дозволи за престој во таа земја.

„Освен постоечките одлуки за грчко-бугарскиот премин Промахонас-Кулата, од 22 јули до 4 август влез на грчка територија за итни случаи ќе биде дозволен само на граничните премини Какавијас, Евзони, Промахонас, Нимфеас и Кипи“, кажа Пецас и додаде дека и грчките државјани и оние кои имаат дозвола за престој ќе мора да пополнуваат специјален образец.

Кога станува збор за сезонските работници во земјоделството, Пецас истакна дека во случај тие да ја напуштат Грција пред 4 август, нема да имаат право повторно да се вратат.

Грчките државјани досега можеа да влегуваат и излегуваат на сите гранични премини без каква било контрола, додека градоначалниците на пограничните градови им советуваат на Грците да избегнуваат патување во соседните земји, особено во Македонија.

„Истакнуваме дека коронвирусот е тука и им порачуваме на сите грчки државјани да избегнуваат непотребни движења во епидемиолошки оптеретените области, како што се сега тие на Балканот“, порача Пецас.

Додаде дека Грција ќе остане здравствено безбедна земја, а дека грчката влада ќе преземе и дополнителни мерки доколку биде потребно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе