Грција спремна да употреби војска против Турција

Грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос рече дека официјална Атина е спремна на сè за да ги заштити своите суверени права, вклучително и на воена акција против Турција.

Фото: ЕПА

„Однесувањето на Турција во последно време е агресивно. Сметам дека единствениот начин Грција да се справи со таквото однесување, кое како целина има склоност кон агресија, е од една страна - да го искористи целото дипломатско оружје, а од друга - да го зајакне потенцијалот на своите воени сили за одвраќање“, рече министерот во интервју за ТВ Стар.

На прашањето дали Грција е подготвена за воено решение на спорот, Панајотопулос одговори: „Токму така!“

Како што рече тој, Грција се подготвува за секоја ситуација и тоа вклучува и ангажирање на армијата.

„Ние не го сакаме тоа, но сакаме да ставиме до знаење дека ќе сториме сè што е потребно за максимално да ги заштитиме нашите суверени права“, посочи министерот.

Во коренот на конфликтот меѓу двете земји се намерите на Анкара да ги истражува резервите нафта во Егејско Море.

Пред неколку дена во државните турски медиуми беше објавен тендер за лиценца за истражување и експлоатација на нафта кај грчките острови.

Во таа пригода, шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас, рече дека Турција се обидува да ги присвои суверените права на друга земја и она што се случи го окарактеризира како провокација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе