И покрај критиките

Грција со спорен закон го заостри ставот кон барателите на азил

Грчкото собрание и покрај критиките од Советот на Европа, Амнести интернешнал и други невладини организации, денес по ноќната дебата го изгласа спорниот закон за заострување на процедурата за одобрување азил.

Соочена со растечкиот број емигранти и бегалци, десничарската влада на премиерот Киријакос Мицотакис, која е на власт од јули, најави претходно дека ќе ја заостри процедурата.

Мицотакис кажа во собранието дека со тој закон владата сака да „направи разлика меѓу бегалците и емигрантите“ кои, „знаејќи дека не можат да добијат азил, ако сепак тргнат на пат за да останат во нашата земја, ќе бидат вратени во своите земји и ќе ги изгубат парите вложени во патувањето“.

Со новиот закон се намалуваат можностите за жалба на одбиеното барање за азил, а се продолжува можното принудно задржување на барателите на азил, се ограничува концептот на „ранливост“ (како што е клаузулата за пост-травматски стрес) кој го олеснува давањето азил. Со закон се проширува списокот на „безбедни земји“ каде емигрантите можат да бидат протерани.

Сето ова невладините организации претходно го осудија.

Сегашната влада се залага за засилување на граничната контрола за да се гарантира „безбедноста“ на Грција, истовремено обвинувајќи ја поранешната левичарска влада на Алексис Ципрас за „попустливост“.

Советот на Европа кажа во четвртокот дека е особено загрижен поради одредени одредби од новиот закон.

Комесарката на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ, предупреди особено на продолжувањето на траењето на принудното задржување на барателите на азил и го подвлече ризикот од „површната“ проценка на заснованоста на барањата за азил поднесени во Грција, што би ги загрозило правата на емигрантите и бегалците.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе