Грција

Шумски пожар во Атина повторно закана за домовите

Шумски пожар што избувна во близина на Атина ги загрозува домовите во истата област каде минатата година пожар однесе повеќе од 100 животи.

Одделот за противпожарни служби денес објави дека три авиони и два хеликоптери кои испуштаат вода им помагаат на противпожарните екипи покрај пристаништето Рафина, пренесе Екатимерини.

Главниот пат што води до таа област е затворен за дојдовен сообраќај.

Оваа област е популарна кај капачите за време на летото, објави АП.

Пред една година, шумски пожар ја зафати областа Мати и други крајбрежни области, при што 102 лица ги изгубија животите и илјадници куќи биле уништени.

На денешната комеморација за жртвите присуствуваше и новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе