Двете земји – сојузнички во НАТО но историски непријатели – со децении се во спор околу низа прашања, надлетувањата на Егејското Море и поделениот Кипар.
Европската Унија во понеделникот изрази загриженост поради изјавите на Ердоган во кои се обвинува ЕУ членката Грција дека ги окупирала демилитаризираните острови во Егејското Море и кажа дека Турција е спремна „да направи сè што е неопходно“ кога за тоа ќе дојде време.
Како што пренесуваат турските агенции, оваа недела се испратени писма во Европската Унија, НАТО и Обединетите нации во кои Турција го објаснува својот став и мислењата за прашањата како спротивставените претензии на воздушниот простор, територијалните води и статусот на демилитаризација на Егејското Море, односно островите.
Грчки дипломатски извори кажаа денес дека турското писмо ја искривува реалноста и дека аргументите на Турција се неосновани и го кршат меѓународното право. Грција, како што кажаа, исто така испратила писма во Обединетите нации и НАТО.
„Позицијата на Турција е дестабилизирачки фактор за единството и кохезијата на НАТО со слабеење на јужното крило на Алијансата во време на криза“, кажа грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас во писмото до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува Ројтерс.