Грција се жали на НАТО и ОН поради „запаливите“ изјави на Ердоган

Грција испрати писма до НАТО и Обединетите нации, жалејќи се на, како што ги нарекува, „запаливите изјави“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и барајќи од нив да го осудат однесувањето на Анкара, соопштија денес дипломатски извори.

EPA-EFE

Двете земји – сојузнички во НАТО но историски непријатели – со децении се во спор околу низа прашања, надлетувањата на Егејското Море и поделениот Кипар.

Европската Унија во понеделникот изрази загриженост поради изјавите на Ердоган во кои се обвинува ЕУ членката Грција дека ги окупирала демилитаризираните острови во Егејското Море и кажа дека Турција е спремна „да направи сè што е неопходно“ кога за тоа ќе дојде време.

Како што пренесуваат турските агенции, оваа недела се испратени писма во Европската Унија, НАТО и Обединетите нации во кои Турција го објаснува својот став и мислењата за прашањата како спротивставените претензии на воздушниот простор, територијалните води и статусот на демилитаризација на Егејското Море, односно островите.

Грчки дипломатски извори кажаа денес дека турското писмо ја искривува реалноста и дека аргументите на Турција се неосновани и го кршат меѓународното право. Грција, како што кажаа, исто така испратила писма во Обединетите нации и НАТО.

„Позицијата на Турција е дестабилизирачки фактор за единството и кохезијата на НАТО со слабеење на јужното крило на Алијансата во време на криза“, кажа грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас во писмото до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе