Грција сака да ги купи најмодерните американски борбени авиони како замена за застарените Ф-16

Грција размислува за можноста за набавка на 25 до 30 едномоторни, едноседни, повеќенаменски борбени авиони локид мартин Ф-35А лајтнинг 2.

Овие летала би замениле 23 најстари авиони Ф-16Ц и Д фајтинг фалкон во верзијата блок 30 кои се наоѓаат во служба на грчкото воено воздухопловство во воздухопловната база Неа Агијалос во близина на градот Волос, 160 километри северозападно од Атина.

Грчкиот министер за одбрана Евангелос Апостолакис на 5 април при посетата на меѓународната воздухопловна вежба „Иниохос 2019“ во воздухопловната база Андравида ги информираше новинарите за понатамошните планови за грчките воздушни сили.

„Покрај модернизацијата на борбените авиони Ф-16, ние сме во процес на одбирање нов авион за Грција, за да можеме постепено да преминеме на новата генерација авиони“, кажа Апостолакис.

Оваа јасна назнака за интересот на Атина за борбен авион од петтата генерација кој би се набавил за воздухопловните сили ја потврди првиот човек на канцеларијата на Пентагон за проектот Ф-35 видеадмиралот Матијас Винтерс, кој претходниот ден му кажа на Конгресот дека продажбата на најновиот авион би можела да се прошири на 5 нови земји – Сингапур, Шпанија, Романија, Грција и Полска.

Цитирајќи сигурни извори, атинскиот дневен весник Катимерини на 6 април информираше дека набавката на борбени авиони Ф-35 ќе зависи од грчките фискални планови и способноста на Вашингтон да понуди долгорочна рамка за плаќање која би траела 6 до 8 години. Според Катимерини, Грција на Локид Мартин веќе му испратила писмо со барање за цена и достапност, за 25 до 30 авиони.

Италија беше првата држава на која, по САД, ѝ беа испорачани авиони Ф-35. По нив, своите Ф-35-ки ги доби Израел.

Во меѓувреме, Грција ќе продолжи да ги користи своите Ф-16В, кои ќе останат во употреба до 2048 година, и ќе бидат најсовремените Ф-16-ки во Европа. Тие ќе му овозможат на грчкото воено воздухопловство да одговори на сите можни закани додек Ф-35 евентуални ги понесе грчките ознаки.

Грчкиот интерес за Ф-35 се поклопува со растечките тензии меѓу САД и Турција околу турската набавка на рускиот ракетен систем С-400. Жестоко противејќи се на оваа зделка, на почетокот на април Вашингтон реши да ги прекине испораките на авионот Ф-35А на Турција која планира да набави 100 примероци од кои 30 треба да бидат испорачани до крајот на 2022 година. затоа, првите Ф-35А кои ѝ беа предадени на Турција во јуни 2018 засега остануваат во воздухопловната база Лук во Аризона, каде турски пилоти ги користат за запознавање и обука.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе