Грција прослави 200 години независност (ВИДЕО)

Грција прослави 200 години од почетокот на својата борба за независност од Отоманската империја со церемонија што требало да го означи новиот почеток по финансиската криза, но морала да биде поскромна поради ограничувањата за коронавирусот.

EPA-EFE/VLACHOS ALEXANDROS

Принцот Чарлс, наследник на британскиот престол чиј татко Филип е роден на Крф како дел од грчкото кралско семејство, и рускиот премиер Михаил Мишустин присуствуваа на годишната парада за Денот на независноста.

Францускиот претседател Емануел Макрон не се појавил поради затворањето на некои делови на Франција во пандемијата.

Кратко по стапувањето на должност во 2019 година, конзервативната влада на премиерот Киријакос Мицотакис објави дека прославата ќе биде симбол за враќањето на Грција по децениската финансиска криза што половина од младите Грци ги остави без работа и протера околу половина милион луѓе во странство.

По скоро 400 години под Турците, грчките револуционери започнале востание во 1821 година и со помош на странски симпатизери од Велика Британија, Франција и Русија, се избореле за својата независност во 1832 година.

Поздравувајќи ја отпорноста на грчкиот народ за време на „очајно тешките години“ на економската криза, принцот Чарлс рече дека светот сега треба да се обнови по коронавирусот што ја врати Грција во длабока рецесија.

„Можеби можеме да извлечеме инспирација од храброста, одлучноста и амбицијата од 1821 година“, додаде тој.

Церемониите во четвртокот, во време на нови тензии меѓу Грција и Турција, вклучувале прелети на грчки, американски и француски борбени авиони и воена парада со коњички единици и Евзони - претседателската гарда во свечени килтови.

Знамето на Агиа Лавра, тесно поврзано со почетокот на грчката револуција, прв пат било истакнато на годишниот марш.

Центарот на Атина бил строго чуван за време на церемонијата на Акропол, а огромен тепих од сино-бели цвеќиња што го обликувале грчкото знаме бил распослан на централниот градски плоштад Синтагма, инаку сцена на немири во време на криза.

Државната телевизија го емитуваше обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден до Грците, кој рече дека односите меѓу Грција и Соединетите Држави ќе бидат поблиски од кога било.

„Нашата заедничка посветеност кон слободата, човековите права и владеењето на правото е она што не овластува да пишуваме наши сопствени иднини, без разлика дали тоа било пред 200 години или денес“, рече Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/VLACHOS ALEXANDROS

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе