Грција предупредува дека на Европа ѝ се заканува нова емигрантска криза

Заменик министерот за емиграциска политика на Грција Јоргос Кумуцакос предупреди дека на Европа ѝ претстои нова емигрантска криза.

Кумуцакос на конференција за иднината на миграциската политика на ЕУ во Виена пренесе дека има драматичен пораст на пристигнувањата на емигрантите.

Ситуацијата, според него, сѐ уште не е како онаа во 2015 година, но предупредува дека претстои нова криза.

Земјите на надворешните граници на ЕУ, критикуваше Кумуцакос, повторно се препуштени сами на себе, а без помош и солидарност од другите земји не е можно да се контролира миграцијата.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто истакна дека, врз основа на искуствата на Унгарија, јасно се гледа дека е можно да се сопре емиграцијата.

Тој додаде дека тоа е можно да се направи и вдолж другите емигрантски рути, и истакна дека ако Грција не успее да ги исполни своите обврски од Шенгенскиот договор, ќе мора да бара помош.

Унгарија застапува „силна антиемиграциска политика“ поради што е често критикувана, но таа позиција ја бараат граѓаните, кажа Сијарто.

„Ние јасно кажавме дека нема легални и хуманитарни причини за да се дојде во нашата земја“, подвлече Сијарто, поставувајќи се за посилна заштита на границите и за соработка во ЕУ околу тоа прашање.

За „уморот од емиграцијата“ во Турција зборуваше заменик министерот за надворешни работи на Турција Исмаил Чатакли.

Тој укажа дека во моментов во Турција се наоѓаат околу четири милиони Сиријци кои се таму веќе осум години.

„Што со нив? Да останат да чекаат уште осум години?“, праша тој, заложувајќи се за решавање на проблемот со емиграцијата со соочување со причините.

„Европа може да крева колку сака високи ѕидови, но тоа нема да ги спречи луѓето да тежнеат кон неа, ако ситуацијата во земјите на потекло не се смени“, заклучи Чатакли.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе