Грција почнува со издавање дигитален сертификат за вакцинираност

Грција почна да им издава дигитални сертификати за вакцинираност на сите државјани што биле вакцинирани против коронавирусот, соопшти прес-службата на грчкиот премиер, додавајќи дека пилот-сертификатот бил презентиран од Киријакос Мицотакис во вторникот вечерта.

Фото: ЕПА

Граѓаните ќе можат да добијат „пасош за вакцинираност“, кој ги содржи сите неопходни информации за идентификација. Тој има три нивоа на заштита – кју ар код, уникатен код и дигитален жиг.

„Денес почнуваме со издавање дигитални сертификати за вакцинација. Ова е уште една грчка иновација. Таа автоматски ќе се регистрира на сметката на секој граѓанин... Ова е исто така мерка на претпазливост, бидејќи е единствениот можен начин да се потврди легалната вакцинација“, рече Мицотакис.

Премиерот додаде дека Европската Унија срдечно го поздравила неговиот предлог да се воведе сертификат за вакцинација низ цела ЕУ.

„Ова не е никаква рестрикција, туку напротив, ќе ни олесни да се ослободиме од рестрикциите што сега ги наметнува ковид во патувањата на европските граѓани. Ова особено важи за нашиот туризам и перспективите на нашата економија, особено во летната сезона. Денеска и ИАТА (Интернационалната асоцијација за воздушен транспорт) се согласи на оваа иницијатива“, рече Мицотакис.

За конкретниот грчки предлог ќе се дискутира на утрешниот Самит на ЕУ, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за единствен систем за сертификација.

Грција досега вакцинира 92.401 луѓе. Повеќе од 11.000 вакцини им беа дадени на граѓаните над 85-годишна возраст, а околу 6.000 во домовите за стари лица.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе