Грција почна да издава дигитален сертификат за вакцинација

Грција почна да издава дигитален сертификат за вакцинација против коронавирусот, а грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека станува збор за уште една грчка иновација.

EPA-EFE

Мицотакис на состанокот за спроведување на националниот план на Грција за вакцинација, кажа дека таа потврда не значи ограничување, туку дополнително олеснување за движење и патување.

Тој наведе дека сертификатот служи за потврда на законската вакцинација, но и за лична потврда на граѓаните, и уште еднаш го потврди својот предлог до Европската Унија за единствен сертификат во согласност со европските стандарди. „Не станува збор за никакво ограничување, туку тоа ќе ни олесни да се ослободиме од рестрикциите кои во моментов ни ги наметнува ковид-19 во патувањата на европските граѓани. Тоа е нешто што особено ќе им значи на нашиот туризам и перспективата на нашата економија, особено пред летната сезона“, кажа Мицотакис.

За предлогот на Мицотакис за единствен сертификат се дискутираше на самитот на ЕУ, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за единствен систем за сертификација. Меѓутоа, тоа не се случи.

Претставувајќи го својот план за единствени сертификати за ЕУ истакна дека идејата е да се создаде „брза лента“ која ќе го оживее туризмот и рекреацијата и би им овозможило на граѓаните слободно да се движат од земја во земја, пренесуваат грчките медиуми.

Кажа дека земјата „мора да се подготви за летото кога ќе бидат вакцинирани многу поголем број луѓе“.

Според Мицотакис, дигитално верификуваниот и шифриран документ е двојазичен и вклучува име на лицето, матичниот број, видот на вакцината и датумот и местото на примената доза.

„Луѓето со право ќе прашуваат дали тоа би можело да доведе до некакво намалување на слободата на патувањата? Не треба да се меша потврдата за вакцинација со патниот пасош. Нашата цел не е Европејците да ги поделиме во две категории, тие кои се вакцинирани и тие кои не се. Наместо тоа, сакаме да создадеме „брза лента“ за патување за оние кои имаат дигитален сертификат“, објасни грчкиот премиер.

Тој кажа дека на луѓето кои не се вакцинирани сепак треба да им се овозможи да патуваат во согласност со постоечките здравствени правила, како што е задолжителниот ПЦР тест пред патувањата, брзи тестови по доаѓањето на дестинацијата и карантин кога е потребно.

Во заклучокот Мицотакис повтори дека Грција нема да бара од патниците да покажат документ или да бидат вакцинирани.

„Прифаќам дека многу граѓани кои не се во чувствителните категории уште некое време ќе останат невакцинирани. Поради тоа и понатаму ќе го користиме нашиот систем за паметно тестирање на аеродромите“, кажа Мицотакис.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе