Грција планира порано да почне со ковид-пасошите за да ја спаси сезоната

За да привлече туристи и да спречи втора сезона по ред да стагнира туристичкиот сектор, Грција е спремна да користи ковид-пасоши пред ЕУ на 1 јули официјално да ги пушти во употреба.

EPA-EFE

Минатата недела Советот на Европа и Европскиот парламент се согласија околу користењето на ковид-пасошите, односно дигиталните зелени пропусници, и се очекува Европскиот парламент на пленарна седница во втората недела на јуни да усвои закон за нивно користење, кое треба да почне на 1 јули.

Повеќе од 10 земји на ЕУ, вклучувајќи ги Франција и Шпанија, се сложија да го тестираат системот на ковид-пасошите пред неговото придвижување.

Грција меѓу првите заговараше користење ковид-пасоши за да ги намали ограничувањата на патувањата и туристичкиот сектор конечно да заживее и да помогне во извлекувањето на земјата од кризата.

„Грција е спремна да почне со користење на дигиталните сертификати и пред 1 јули“, кажа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на претставувањето на ковид-пасошите денес и ги повика државите членки да ги почитуваат роковите и да ги олеснат патувањата во претстојната летна сезона.

Ковид-пасошите ќе бидат во форма на кју-ар код, на паметен телефон или на документ, со помош на кој службите едноставно ќе можат да го утврдат статусот на лицето. Ковид-пасошот ќе служи како доказ дека лицето е вакцинирано, или дека има негативен резултат од неодамнешно тестирање, или пак има природен имунитет по оздравувањето од ковид-19.

„Многу е едноставно. Всушност, тоа се оние информации кои на државата ѝ требаат да ги прими патниците без наметнување дополнителни ограничувања“, кажа Мицотакис.

Грција на туризмот базира петтина од својата економија. Во 2020 година имала само седум милиони туристи и четири милијарди евра приход од туризмот, во однос на рекордните 33 милиони посетители и 18 милијарди евра приход во 2019. Оваа година се очекува бројот на пристигнувања да достигне 50 отсто од бројките во 2019.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе