Испораката на 18-те авиони ќе почне кон средината на 2021 година и ќе заврши за две години, кажа портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас.
За модернизација на своите оружени сили во следните пет години Грција намени 11,5 милијарди евра, јавува Асошиејтед прес.
Среде тензиите со Турција околу источниот Медитеран, Грција така ќе добие 12 летала кои се во употреба во француската војска, како и шест нови авиони.
„Оваа набавка ќе ја смени рамнотежата на силите во воздухот“, истакна Пецас.