Грција одби укинување на забрана за верски служби за време на велигденските празници

Висок суд во Грција ги отфрли денес жалбите со кои се бара укинување на забраната за верски служби за време на велигденските празници.

Судиите на Државниот совет соопштија дека мерката за забрана за присуство на верските служби е во рамки на мерките на ограничување на движењето и е во јавен интерес.

Неколку верски организации, кои не се поврзани со Грчката православна црква, ги поддржаа жалбите на забраната за собирање, тврдејќи дека тоа е неуставно.

Во Грција досега умреа 81 лице од компликации поврзани со коронавирусот, а рестрикциите остануваат на сила.

Заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалијас кажа дека напорите на владата можат да паднат во вода доколку Грците не ги почитуваат мерките на Велигден, кој во таа држава се слави на 19 април според православниот календар.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе