Грција од Германија ќе бара милијарди евра за окупацијата во 1941

Грчкиот парламент изгласа дека треба од Германија да бара милијарди евра отштета за кои досегашните влади тврдеа дека ѝ ги должи на Грција поради нацистичката окупација за време на Втората светска војна.

Гласањето во парламентот со 300 члена ја означи првата официјална одлука на пратениците по тоа прашање, кое се појави откако Грција потона во должничката криза пред десет години.

Претседателот на парламентот Никос Вуцис, како што се очекува, ќе го потпише предлогот – заснован врз извештајот на државната комисија која ја процени окупацијата на над 300 милијарди евра – за следните законски и дипломатски чекори кои Грција може да ги преземе.

Не е веројатно дека какво било формално барање за отштета би било законски спроведливо, но прашањето е длабоко емотивно и предизвикува внимание во годината на избори.

Грција минатата година изнурка од деценијата штедење кое ѝ го одредија странските кредитори во замена за серија пакети за помош кои ѝ помогнаа да остане во еврозоната по избивањето на кризата во 2010 година.

Голем број Грци го обвинуваат најголемиот кредитор, Германија, за болните кастрења поврзани со заемите за санација за кои сметаат дека им го одзеле суверенитетот.

Германија во минатото се извини за злосторствата од времето на Хитлер, но не е спремна да разговара за репарации.

Нацистичка Германија ја нападна Грција во мај 1941 и го закачи кукастиот крст на Акропол во Атина.

За време на Втората светска војна околу илјада грчки села биле срамнети со земја, а десетици илјади луѓе убиени во репресијата на нацистите кои се труделе да го скршат грчкиот отпор.

Парламентарната комисија процени дека окупацијата чини најмалку 269 милијарди евра, зголемувајќи ја сумата на над 300 милијарди со вклучување на износот кој нацистите ја присилиле грчката банка да им го предаде во 1942, една година по нападот на Грција.

„Окупацискиот заем“ го помогнал финансирањето на Хитлеровиот воен поход во Северна Африка.

Германија негира дека ѝ должи што било на Грција, имајќи предвид дека на Атина во 1960 ѝ исплатила сума од 115 германски марки и смета дека тој проблем е правно и политички решен.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе