За да се заштитат персоналот и клиентите

Грција објави правила за на плажа

Грчките министерства за внатрешни работи, за заштита на граѓаните, за труд и развој денеска објавија серија правила со цел престојот на организираните плажи да биде забавен без да се загрозува здравјето и на персоналот и на клиентите.

Фото: ЕПА

Според новите правила, баровите на плажа смеат да служат пијалаци како кафе и свеж овошен сок, како и спакувана храна за носење и за кај чадорите на клиентите. Сепак, тие забрануваат да се пушта музика и муштериите да се собираат на шанковите во баровите, за да се спречи атмосфера на журки, а забранети се и организирани настани како забави и групни спортови како што се одбојка или фудбал на плажа.

Според правилата, кои се осмислени за да се спречи ширењето на коронавирусот, клубовите на плажа смеат да примат само 40 клиенти на 1.000 квадратни метри и мора да одржат растојание од најмалку 4 метри помеѓу чадорите за сонце.

Прекршувањата на овие правила носат парична казна помеѓу 5.000 и 25.000 евра, како и закана од затворање во текот на 15 до 20 дена.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе