Грција нуди трампа за украдените скулптури од Британија

Грција понуди трампа за свои драгоцени скулптури и артефакти кои никогаш не ја напуштиле земјата за Елџиновите скулптури од Партненон во Атина, кои се наоѓаат во Британскиот национален музеј и околу кои се води историска битка веќе речиси цел век, пренесува Обзервер.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се обидува да ги убеди Британците да прифатат прагматично решение за воој проблем.

На Грците им е познато дека актуелниот британски премиер Борис Џоносн е голем познавач и почитувач на античката уметност и дека во својата резиденција во Даунинг стрит на работната маса поставил биста на Перикле на која веќе подолго време ѝ се восхитува.

Тој, инаку, на Оксфорд студирал класична култура и се гордее со тоа што знае 100 стихови од Илијадата, што ги фасицинираше Грците.

Неговата склоност кон античката уметност наскоро ќе биде тестирана кога ќе почне одбележувањето на двата века грчка независност, а кога Атина ќе ја почне битката за враќање на Елџиновите скулптури.

Во разговор со еден британски новинар Мицотакис кажа дека е спремен некои скапоцености кои никогаш не биле прикажани во странство да бидат изложени во Лондон во замена за мермерните скулптури од Партенон. Мермерните скулптури би стигнале во 2021 за прославата на грчкиот јубилеј.

„Наша желба и амбиција е да ги создадеме потребните услови грчкото културно наследство да пропатува низ светот и така да го покажеме значителниот придонес на нашата земја на европската цивилизација“, кажа Мицотакис.

Тој додаде дека е спремен да дозволи богатства кои досега не биле покажани да бидат заменети за мермерните скулптури.

„Во тој контекст ќе му предложам на Борис како прв чекор скулптурите да ни бидат позајмени на одредено време, а јас ќе им испратам артефакти кои никогаш не ја напуштале Грција да бидат изложени во Британскиот национален музеј“, изјави Мицотакис.

Тоа сѐ уште не значи дека Британија е спремна засекогаш да се откаже од Елџиновите скулптури.

„Акропол не им припаѓа само на Грците и Партенон е глобален споменик, споменик на светското културно наследство. Ако навистина сакате да го видите споменикот во целост тогаш тука треба да се и скулптурите кои ги нарекуваме Елџинови мермерни скулптури“, кажа Мицотакис.

Интересно е колку од партенонските скулптури се зачувани. Оригинално низата била долга 160 метри и на неа за првпат била прикажана борбата меѓу божествата и луѓето, но биле значително „искасапени“. Во Атина се чуваат 50 метри од еден дел кој бил долг 115 метри. Во Лондон се 80 метри кои ги „отсекол“ лордот Елџин, тогашниот амбасадор на Британија во 1802 година.

Осум други музеи низ Европа чуваат некои делови од скулптурите.

Грчкиот премиер Мицотакис минатиот месец во Париз го замоли францускиот претседател Макрон да ѝ го врати на Грција делот кој се чува во Лувр, и доби позитивен одговор.

За возврат музејот од Атина ќе постави изложба на свои бронзи кои никогаш не се видени во Франција.

„Во Грција има над 21.000 археолошки локалитети“, соопшти министерката за култура Лина Мендони и додаде дека имаат десет пати повеќе експонати отколку што можат да изложат. „Речиси секој ден се открива нешто скапоцено и ние сме спремни дел од тоа богатство да го извеземе“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе