Грција: неонацист од Златна зора уби левичар

Жртвата починала во болница откако била трипати прободена со нож пред кафе-бар во Амфиали, Пиреа.

Убиениот Павлос Фисас

Грчката полиција уапси член на ултранационалистичката Златна зора откако еден левичар бил избоден до смрт за време на тепачка во близина на Атина, јавил полициски извор.

Левичарот Павлос Фисас, 34 години, починал во болница од ранување со нож, откако бил нападнат од група неонацисти облечени во црни униформи. Пред да почине тој успеал да ги идентификува напаѓачите и убиецот. Тепачката избувнала околу полноќ во Амфиали, Пиреа.

Според прелиминарните резултати од истрагата, убиениот маж бил член на помалата левичарска група Антарсија. 

Кај осомничениот за убиство, 55-годишниот член на Златна зора, при апсењето е најден нож, соопшти полицијата.

Локалните медиуми наведоа дека тепачката избила пред кафе-бар по расправија за фудбал. 

Во текот на ноќта на местото на убиството се собрале околу 200 антифашисти. Исто така имало собири и во Егзархија, централна Атина, и во Солун.

Фисас беше хип хоп-изведувач, познат под името Кила П. Тој учествуваше во организирање концерти против фашизмот и во други социјални активности во областа во која живееше.

Златна зора е растечка сила во политичкиот живот на Грција, наведува Франс прес, потсетувајќи дека минатата година тие имаа 18 места во парламентот. Според резултатите на најновите анкети, Златна зора е трета по популарност во земјата.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе