Грција купува три нови француски фрегати

Грција потпиша договор со Франција за купување на три нови фрегати, во време кога Париз се обидува да ја надомести загубата на договорот за продажба на подморници на Австралија.

Фото: ЕПА

Договорот за стратешка одбранбена и безбедносна соработка потпишан од лидерите на двете земји е дел од напорите за зајакнување на европската воена автономија.

Договорот „придонесува за европската безбедност, зајакнување на европската стратешка автономија и суверенитет, а со тоа и на меѓународниот мир и безбедност“, рече францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

„Ова ќе нè поврзува со децении“, рече Мицотакис за новинарите.

Грција ќе плати околу три милијарди евра за три нови фрегати Белхара, изјави извор од грчката влада.

Атина, по договорот, може да купи уште една фрегата.

Оваа година веќе нарача 24 борбени авиони Рафал, со што стана првата европска земја што ги купи овие авиони.

Француските медиуми објавија дека договорот со Грција може да вреди до пет милијарди евра, што ќе ја ублажи загубата на договорот со Австралија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе