Грција купува 20 американски борбени авиони Ф-35

Се очекува Грција во следните денови на Соединетите Американски Држави да им испрати официјално барање за купување 20 борбени авиони Ф-35 од американската компанија Локид Мартин, најави денес министерството за одбрана на таа земја.

EPA-EFE

Грција, членка на НАТО, на одбрана троши повеќе од 2 отсто од својот бруто домашен производ. Во последните години ја интензивираше набавката на воена опрема поради обновените тензии со својот сосед, историската соперничка и сојузничка во НАТО Турција.

„Соодветниот документ е потпишан“, кажал извор од грчката влада. Испораката на млазните авиони треба да почне во 2027 или 2028 година.

И грчката државна телевизија ЕРТ јави дека нарачката е потпишана, и се очекува да биде доставена во американската амбасада во Атина оваа недела. Станува збор за првиот чекор на процесот кој се состои од повеќе фази.

Грција и Турција со децении се во судир околу низа прашања – од прелетувањата на Егејското Море, опсегот на нивните континентални појаси и поморските граници до енергетските ресурси и етнички поделениот Кипар.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го спомна купувањето на авионите Ф-35 за време на посетата на САД во мај.

Атина минатата година од Франција нарача 24 авиони „рафал“ за 2,5 милијарди евра и три морнарички фрегати со опција за четврта за околу три милијарди евра.

ЕРТ јави и дека министерството за одбрана сака да продолжи со набавката на застарените борбени авиони Ф-16.

Соединетите Американски Држави во средата, ден откако Анкара го укина ветото на членството на Финска и Шведска во НАТО, ја поддржаа потенцијалната продажба на американски борбени авиони Ф-16 на Турција, кажувајќи дека силните турски одбранбени капацитети ќе ја зајакнат одбраната на воениот пакт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе