Грција ќе прогласи полициски час на три популарни острови

Грчкиот заменик-министер за цивилна заштита, Никос Хардалиас, се очекува да прогласи полициски час на популарните острови Спецес, Парос и Антипарос, во обид да го спречи ширењето на новиот коронавирус, објавија денеска грчките медиуми.

Полицискиот час ќе биде сличен на оној што минатата недела беше воведен на островот Порос, каде што беше наредено продавниците да се затвораат од 23 до 7 часот следното утро, откако властите потврдија 13 заразени.

Во Порос властите го воведоа носењето маски за лице на сите јавни места, и внатре и надвор, ги затворија пазарите на земјоделците, селските фестивали и други вакви јавни собири, а дозволија најмногу четири (или шест, ако припаѓаат на исто домаќинство) лица да смеат да седат на иста маса во кафетерија или ресторан.

Исто така, се очекува Хардалиас да објави забрана за јавни и приватни собири од кој било вид во кои учествуваат повеќе од 50 лица.

Говорејќи денеска за грчки Скаи, Анастасија Котаниду, професорка по пулмологија на интензивна нега на Универзитетот во Атина и член на комисијата што ја советува владата за коронавирусот, рече дека сите нови мерки во суштина ќе ги заострат забраните за излегување.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе