Грција ќе ја укине изолацијата за вакцинираните или негативните туристи од ЕУ

Грција планира да ја укине еднонеделната изолација за туристите од Европската Унија ако имаат негативен ПЦР тест на ковид-19 или се целосно вакцинирани.

EPA-EFE

Планот на владата утре треба да го одобрат епидемиолозите, објави денес весникот Катимерини.

Патниците мора да бидат целосно вакцинирани или да покажат негативен ПЦР тест, а дел од патниците, по случаен избор, ќе бидат тестирани.

Во земјата туристите ќе мора да се придружуваат до епидемиолошките мерки, вклучувајќи го задолжителното носење маски на отворено.

Атина првично планираше да прогласи почеток на туристичката сезона на 14 мај и тогаш да ја укине обврската за изолација.

Обврската за изолација ќе биде укината и за патниците од Израел, САД, Британија, Србија, Израел, и Обединетите Арапски Емирати.

Врз основа на количеството на ковид-19 во примероците од отпадните вози, грчките виролози сметаат дека бројот на случаите на зараза со коронавирусот ќе продолжи да паѓа во следните недели.

Грчките власти забележаа 3.089 нови случаи на зараза во последните 24 часа, што е речиси илјада помалку од претходниот ден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе