Тројца заразени

Грција ќе ги зајакне граничните патроли за да го запре ширењето на вирусот

Грција најави дека ќе ги зајакне граничните патроли, поради ризикот коронавирус во земјата да донесат бегалците и мигрантите очајни да стигнат до Европа.

Истакнувајќи ја вонредната мерка на крајот од состанокот на владиниот кабинет, премиерот Киријакос Мицотакис рече дека наредил граничното обезбедување да биде во состојба „на највисока готовност“ затоа што постои ризик барателите на азил од Иран и Авганистан да го донеле вирусот кога дошле на оддалечените острови во руинирани чамци од Турција. Бројот на починатите од ковид-19 во Иран денес се искачи на 26.

„Веќе им дадов наредба на поморскиот министер и на началникот на крајбрежната стража значително да го зголемат бројот на чамците и патролите околу островите во источен Егеј“, му рекол централнодесничарскиот лидер на својот кабинет, додавајќи дека патролите ќе бидат засилени и на копно и во море. „Нашите острови веќе се оптоварени со јавноздравствени проблеми и тие мора да бидат двојно заштитени“.

Атина за овој чекор ја известила Европската комисија. Според законот на ЕУ, една земја-членка може да ја крене граничната безбедност на највисоко ниво доколку постои закана за јавното здравје.

Во Грција се потврдени три случаи на коронавирус. Првиот човек што се зарази со вирусот - 38-годишна дизајнерка, беше третирана во болницата во Солун во средата, три дена по враќањето од модна ревија во Милано. Грчките власти објавија дека нејзиниот деветгодишен син исто така е заразен, поради што училиштето во кое тој учи во Солун мора да биде затворено следните две недели. Момчето присуствувало на настава во понеделникот и во вторникот, пред вчера да почне да покажува симптоми.

За трето лице, опишано како 40-годишна жена, која исто така патувала во Италија, исто така е потврдено дека е заразена со вирусот, откако денес била примена во специјалистички оддел во болница во Атина.

Се шират информации дека во супермаркетите во Солун ги снемува основните намирници како резултат на панично купување.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе