Грција ќе ги депортира мигрантите што дошле по 1 март

Мигрантите што илегално дошле на нејзината територија по 1 март Грција ќе ги пренесе во северниот град Серес и планира да ги депортира во нивните матични земји, изјави синоќа грчкиот министер за миграција Нотис Митарачи.

Илјадници мигранти нагрнаа кон Грција откако Анкара на 28 февруари рече дека ќе им дозволи на мигрантите да ги преминат границите кон Европа, и покрај заложбата да ги задржи на своја територија според договорот од 2016 година со Европската Унија.

Стотици успеаја да влезат во Грција, вели Екатимерини, многумина преку море до Лезбос и други грчки острови. Анкара и Атина меѓусебно се обвинуваат за употреба на прекумерна сила на заедничката граница, каде што мигрантите последниве денови се судираат со безбедносните сили.

„Нашата цел е да ги вратиме во нивните земји“, рече Митарачи за државната новинска агенција Атенс њуз.

Тој исто така рече дека мигрантите што влегле во земјата пред 1 јануари 2019 година и живеат на островите, наредниве денови ќе бидат пренесени на копното.

Грција на 1 март објави дека нема да прифаќа нови барања за азил цел месец по навалицата на мигранти на границата. Ова предизвика критики од агенциите за човекови права.

Турција ги обвини грчките сили дека убиле еден мигрант и раниле петмина, што Грција жестоко го негираше и рече дека турската полиција користи солзавец за да им помогне на мигрантите илегално да преминат на грчка територија.

„Ситуацијата денес е мирна. Вчера запревме група од 150 мигранти. Ќе бидеме тука онолку колку што е потребно“, изјави полициски службеник за Ројтерс.

Во немирното море кај грчкиот остров Лезбос денеска не се видени нови чамци, по неколкудневните пристигнувања на мигранти. На Лезбос веќе има повеќе од 20.000 баратели на азил, од кои многумина живеат во ужасни услови во преполните кампови.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе