Грција ја негираше најавата на НАТО за преговори со Турција

Атина вчера негираше дека ќе има преговори со Анкара за деескалација во источното Средоземно Море, што неколку часа претходно го најави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

EPA-EFE

„Информациите за наводни технички преговори во НАТО не одговараат на реалноста“, соопшти синоќа грчкото министерство за надворешни работи.

Според „твитот“ на генералниот секретар на НАТО, Грција и Турција, членки на Алијансата, „се договорија да се почнат технички преговори во НАТО“, со цел спречување на какви било понатамошни инциденти во источниот Медитеран, каде турски брод за сеизмичко истражување на нафта и гас под морето, во придружба на воени бродови, се наоѓа во води кои Грција ги смета за свои од 10 август.

„Ја имаме предвид намерата на генералниот секретар на НАТО да работи на воспоставување меганизам за деескалација. Меѓутоа, деескалацијата ќе се случи само со моментално повлекување на сите турски бродови од епиконтиненталниот појас на Грција“, соопшти грчкото министерство.

Од 10 август Анкара ги држи својот брод Оруч реис и придружбата од воени бродови за да изврши истражувања кај грчкиот остров Кастелоризо, одалечен само два километри од турскиот брег, во областа богата со јаглеводороди.

Кон крајот на август тензиите се засилија бидејќи и Турција и Грција спроведоа спротивставени воени вежби, првата со САД и потоа со Русија, а втората со Франција, Кипар и Италија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе