Грција ја доби првата претседателка во историјата

Грчкиот парламент денес ја избра првата претседателка во историјата на земјата Екатарини Сакеларопулу експерт за екологија.

Сакеларопулу (63) доби 261 гласа од 300 пратеници.

Таа беше поддржана од членовите на владејачката Нова демократија, најголемата опозициска партија СИРИЗА, како и опозициското Движење за промени.

Таа ќе ја преземе функцијата на 13 март, кога ќе заврши мандатот на сегашниот грчки претседател, Прокопис Павлопулос.

Мандатот на претседателот трае пет години. Во Грција, претседателот се избира на посредни избори, во парламентот.

Таа ќе биде прва жена претседателка на Грција.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе