Грција и Турција воспоставија механизам за избегнување конфликт на море

НАТО сојузничките, Грција и Турција воспоставија механизам за избегнување случајни конфликти во источен Медитеран, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг како дел од напорите за олеснување на спорот околу енергетските ресурси во регионот.

Фото: ЕПА

Германија ги предводи дипломатските напори за поширок дијалог и лидерите на ЕУ се состануваат во Брисел за да разговараат за тоа како да се избегне секоја ескалација поради потрагата по наоѓалиштата на гас.

Столтенберг рече дека договорот меѓу Турција и Грција вклучува телефонска линија за избегнување несреќи на море и во воздух.

 „Го поздравувам воспоставувањето воен механизам за избегнување конфликт, постигнат преку конструктивен ангажман на Грција и Турција, двете ценети НАТО сојузнички“, рече тој во изјавата.

„Овој безбедносен механизам може да помогне во создавањето простор за дипломатски напори за решавање на основниот спор и подготвени сме понатаму да го развиваме“, додаде тој.

„Ќе останам во близок контакт со двете сојузнички“, рече Столтенберг.

Вакавата улога за воспоставување воен механизам за избегнување конфликт меѓу сојузнички НАТО ја играл и претходно. Во 1990-тите години, НАТО помогнал да се воспостави сличен механизам во регионот, кој бил ефикасен во помагањето да се намалат тензиите и да се обезбеди простор за пошироки дипломатски разговори.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе