Грција и Турција почнаа преговори за истражување на гас во Егејско Море

Грција и Турција во понеделникот, по петгодишна пауза, почнаа преговори за истражување на јаглеводороди во источно Егејско Море, во обид по сериозната криза да се реши спорот кој ги оптоварува односите меѓу двете членки на НАТО.

Фото: ЕПА

Турскиот заменик министер за надворешни работи, Сеат Онал, прими делегација грчки дипломати во палатата Долмабахче во Истанбул, изјави турски официјален претставник.

Преговорите за истражување во источен Медитеран беа прекинати во 2016 година поради зголемување на тензиите.

Конфликтот околу природниот гас меѓу двете соседни земји, сојузнички во НАТО, тлее со месеци, а минатата година речиси воено ескалираше.

Грција, членка на Европската унија, ја обвинува Турција за експлоатација на природен гас во морските области, што според меѓународниот поморски закон, само Грција смее да ги искористува.

Преговорите Анкара-Атина се одржаа за прв пат во февруари 2002 година. Традиционално, ниту една страна не го објави официјално статусот и развојот на преговорите и останува да се види колку се плодни.

Досега страните во конфликтот не се ни договорени за што сакаат да разговараат.

Според Анкара, сите спорни прашања треба да бидат изнесени на маса, вклучително и за соседните територии и ексклузивната економска зона во Егејското Море, како и демилитаризација на грчките острови покрај турскиот брег и разликите во поглед на проширувањето на воздушниот простор.

Атина, од друга страна, сака да разговара за спорот околу истражувањето на јаглеводороди и разграничувањето на континенталниот појас.

И покрај разликите, Европската унија го поздрави продолжувањето на дијалогот како „позитивен знак“ за односите меѓу Анкара и Брисел по повеќемесечна напнатост.

Во декември, лидерите на Европската унија, собрани на самитот во Брисел, одлучија да ги казнат „незаконските и агресивни“ активности на Турција против Грција и Кипар. На самитот биле усвоени низа индивидуални санкции против лидери вклучени во активности на истражување на морето спроведени од Турција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе