Грција и Турција договорија преговори во НАТО за да се спречат нови инциденти

Грција и Турција договорија технички преговори во НАТО „за да се спречат нови инциденти во источниот Медитеран“, изјави денес генералниот секретар на воениот пакт Јенс Столтенберг.

EPA-EFE

Во последните денови Анкара и Атина ги одмеруваа силите во тој регион јакнејќи ги тензиите, додека бројните инциденти предизвикаа загриженост за развој на кризата. Двете земји се расправаат околу поделбата на резервите гас под морето откриени во последните години.

„По моите разговори со грчките и турските лидери двата сојузници се договорија на технички преговори во НАТО за да се одредат механизмите на воено смирување и да се намали опасноста од инциденти во источниот Медитеран“, напиша Столтенберг на Твитер.

„Грција и Турција се вредни сојузници, а НАТО е важна платформа за советување за сите прашања кои се однесуваат на заедничката безбедност“, додаде тој.

Во средата американскиот државен секретар Мајк Помпео побара од Атина и Анкара да ги „намалат тензиите“ и да ја сопрат ескалацијата во источното Средоземно Море.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе