Грција и Турција денес ги отвораат преговорите за Кипар

Делегациите на Грција и Турција ги почнаа денес во Атина разговорите во обид да ги ублажат долгогодишните тензии и разидувања околу правата на експлоатација на минералните енергенси во Средоземното Море, етнички поделениот Кипар и статусот на одделни острови во Егејското Море.

EPA-EFE

Тензиите дополнително пораснаа неделава, а Турција остро протестираше поради договорот на Грција, Израел и Кипар за поставување подморски кабли за пренос на електрична енергија, бидејќи, како што објави турската агенција Анадолу, Анкара е уверена дека каблите ќе минуваат и преку турската територија во Средоземното Море.

Денешните разговори во Атина ви требало да постават темел за формални преговори, но тие две земји досега имаа повеќе од 60 состаноци од 2002 година на кои не е постигната ни согласност за кои прашања ќе се преговара.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендијас кажа дека сака да се сретне со својот турски колега Мевлут Чавушоглу, но истакна дека состанокот „мора да биде одржан во добра атмосфера“.

Официјална Атина најави дека сака разговорите да се водат исклучиво за демаркацијата на ексклузивните економски зони и за одделни острови во Егејското Море, но не и за прашањата на „националниот суверенитет“, додека Анкара, која сака да ги подобри односите со ЕУ, најави дека сака разговори за сите спорни прашања, вклучувајќи ги и оние за воздушниот простор и одделните спорни острови во Егејското Море.

Тензиите меѓу Грција и Турција доведоа минатата година до опасно трупање на воени сили во источниот дел на Медитеранот поради што дополнително се влошија односите на Анкара и Брисел.

ЕУ во моментов подготвува извештај за проценка на односите со Турција, но европските функционери велат дека во последните недели има подобрување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе